Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Татко и син од Скопје осомничени за илегална трговија со дрога и психотропни супстанции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Во нивниот дом, на улицата „Козле“ во Скопје, двајцата осомничени на возраст од 60 и 35 години, држеле наркотична дрога – 588,22 грама марихуана и 4,25 грама кокаин, како и психотропни супстанции – 38,67 грама амфетамин и 2,29 грама MDMA (3-4-метилен-диоксиметамфетамин). При претрес на домот на 24 август, во заедничка соба во која имало и детски дел, полициските службеници ги пронашле дрогата и психотропните супстанции наменети за неовластена продажба, како и дигитални ваги и повеќе други предмети со траги од наркотична дрога. Синот и во раката држел рачно изработена цигара со нето маса од 0,85 грама мешавина од марихуана и тутун.

— реклама —

При претрес на автомобилот на таткото, пак, на паркингот кај поликлиниката „Букурешт“, биле пронајдени уште 50,39 грама марихуана.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од криење и бегство, но и можност да го повторат делото.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања