Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Татко и син под истрага за неовластено држење оружје и дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
UaYct-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син. За таткото постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Неговиот син, пак, е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

Имено, на 22.11.2018 година, при претрес на домот на осомничениот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје – пиштол „Црвена застава” со калибар од 7.65мм и сигнален пиштол М50, поголемо количество муниција – куршуми од различен калибар, како и експлозивни материи чија употреба е забранета – рачна бомба модел Н38, едно погонско полнење на ракети модел ПГ 7, како и еден котур со детонаторски фитил.

— реклама —

При претресот кај осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога.

— реклама —

На истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена наркотична дрога марихуана со нето маса од 60.8 грама.

— реклама —

Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор на осомничените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања