По објавата на вознемирувачката снимка на која се гледа врзано дете во струмичко Ново Село, Основното јавно обвинителство Струмица отвори истрага против таткото. Тој е осомничен за кривично дело запуштање и малтретирање на дете по член 201 од Кривичниот законик.
Како што информира Обвинителството, девојчето е згрижено во семејство преку Центарот за социјални работи, додека против таткото ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање на пасош, редовно јавување кај службено лице и забрана за приближување до детето.
Истражните органи продолжуваат со прибирање докази за случајот.