Мерки за обезбедување присуство им одреди судија на лицата А.Ц. и Ј.Ц, кој постапуваше по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор против двете лица, кои се осомничени за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став три од Кривичниот законик.
-Прочитав вчера дека судијата не одреди мерка притвор на лицата што се обидоа да го убијат мојот син Филип Филиповски, Замислете на син ми му извадија бубрег, слезина, изгуби 2 литри крв, лекарите после операцијата ми соопштија дека шансите да преживее се 50-50 и сето тоа не беше доволно на „СУДИЈАТА“ да определи мерка притвор. Очекувам дека КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ќе ја исправи неправдата и лицата што се обидоа да му го одземат животот на мојот син ќе ја добијат заслужената казна – се огласи таткото на Филип, Гоце Филиповски.
https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3161485247210841
Тој бесен на одлуката на судијата кажа дека очекува дека Обинителството ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите.
-Тоа што нема притвор искрено и беше очекувано, сепак позицијата на родителот влијаела на „СУДИЈАТА“. И покрај одлуката на „СУДИЈАТА“ му посакувам никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував чекајќи пред операционата сала 4 часа, исчекување дали ќе си го видам детето повторно живо, болката господин „СУДИЈА“ е страшна, органите ги загуби засекогаш и мора останатиот дел од животот да се бори, за разлика од него сторителите претпоставувам си уживаат во нормалниот живот здрави и среќни. Очекувам дека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите – напиша Филиповски.
https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3161499663876066