„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Таткото на тепаното дете во Кочани се заканува со оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tatko-tepano-dete

Откако пред два дена група на граѓани извршија физичко насилство врз дете во Кочани во населбата „Трајаново Трло“, вчера таткото на детето со пиштол и нож во рацете преку видео на социјалните мрежи упати сериозни закани, објави Цивил медиа.

— реклама —

– Парче по парче ќе ги исечам, ќе ги дробам, макар цел живот да завршам во затвор, вели таткото на тепаното момче, во краткото видео што се споделува на социјалните мрежи.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека го идентификуваа лицето кое се заканува со пиштол и нож, односно дека се работи за таткото на тепаното дете во Кочани и дека трагаат по него.

— реклама —

– Лицето од видеото е А.И. (36) од Кочани, татко на детето врз кое на 11.4.2021 во место викано „Трајаново трло“ беше извршено насилство од страна на повеќе лица. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Северна Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се работи на писмено документирање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

извор:  Цивил медиа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања