Промени тема
Контакт

Таткото на убиената Вања останува зад решетки, судиите не се убедени дека нема да избега и дека е невин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
palco-aleksandar-gjorcevski-vanja

Таткото на свирепо убиената Вања, Александар, останува во притвор. Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му биде заменет со куќен притвор.

Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

— реклама —

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

— реклама —

Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ, убеден во невиноста на својот клиент за „Скопје1“ рече дека иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага.

Бранителот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања, за „Скопје1“ претходно изјави дека обвинителот од скопското Обвинителство има конфузна и неоснована теорија. Посочува дека поднел неколку ургенции за да ги добие доказите со кои Ѓорчевски е во притвор. Тврди дека добил само игнорантски однос од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.

— реклама —

„Подолго од еден месец трае молкот и игнорирањето на одбраната по однос на доказите од страна на обвинителството, со што се кршат основните елементарни права на одбрана на осомничениот. Факт е дека тајноста на истрагата е неспорна, но исто така е неспорно дека на избраниот бранител мора да му бидат доставени истите докази со кои располага бранителот по службена должност, ангажиран во почетната фаза од постапката од страна на судот и обвинителството. По завршувањето на мандатот адвокатот по службена должност нема обврска да ги предаде овие докази изведени во негово присуство на избраниот бранител, изјави Туфегџиќ за „Скопје1”.

— реклама —

Untitleuyuhud-1

Убеден сум дека таткото не е инволвиран во убиството на Вања, Вишо итно да го провери постапувањето на обвинителката, бара Туфегџиќ

Поради начинот на воспоставување надлежност, криење на докази,  игнорирање и молк, адвокатот Владимир Туфегџиќ поднесе барање до Вишото јавно обвинителство да ја провери законитоста при постапувањето на скопското Обвинителство во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Туфегџиќ, кој е бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања, за „Скопје1“ посочува дека обвинителот од скопското Обвинителство има конфузна и неоснована теорија. Посочува дека поднел неколку ургенции за да ги

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања