ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Виена на Охридскиот аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Ohrid-Viena-3

ТАВ Македонија попладнево го пречека првиот лет на Wizz Air од Виена на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, одбележувајќи го отворањето на новата авиолинија и новата дестинација од македонскиот туристички центар, Охрид.

— реклама —

„Воздухопловот на Wizz Air од типот Ербас А 320, со капацитет од 181 патник патник пристигна од главниот град на Австрија на Охридското Езеро во 17 часот, а половина час подоцна, воздухопловот полета од охридскиот аеродром кон Виена

— реклама —

Новата директна линија Виена-Охрид-Виена ќе сообраќа во текот на целата година, почнувајќи од денеска, 17-ти ноември, за почеток – два пати неделно, односно секој вторник и секоја сабота, со време на пристигнување на Аеродромот Св. Апостол Павле во 17:00 часот и време на заминување кон Меѓународниот Аеродром Виена во 17:30 часот.

— реклама —

Од 4-ти декември, времето на пристигнување во Охрид ќе се промени во 12:30 часот, додека времето на заминување назад кон Виена во 13:00 часот, во истите денови. Од 20-ти декември пак, Wizz Air ќе ја зголеми фреквенцијата на оваа линија, односно ќе има лет и во четврток, со време на пристигнување на аеродромот во Охрид во 12:40 часот, а време на заминување кон аеродромот во Виена – 13:10 часот“, велат од ТАВ Македонија.

Менаџментот на ТАВ Македонија изрази огромно задоволство за континуираниот развој на мрежата на авиолинии на охридскиот аеродромот Св. Апостол Павле.

-Со додавањето на Виена како нова редовна авиолинија и како нова дестинација од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ТАВ Македонија, не само што ја проширува својата мрежа на авиолинии, туку исто така ја отвора Австрија како нов дојдовен пазар за патници и туристи на прекрасното Охридско Езеро. Во исто време, сите граѓани кои што живеат во регионот на Охридското Езеро, во Охрид, во Струга, но и во сите општини долж охридското крајбрежје, од македонска страна, но и во соседните држави, ќе имаат можност да го користат директниот лет Охрид–Виена како прифатлива конекција за патување во Австрија. Дополнително, развојот на пазарот на оваа авиолинија ќе биде шанса за авиокомпаниите, за тие да го искористат стекнатото искуство за отворање повеќе нови авиолинии од охридскиот аеродром. ТАВ Македонија и понатаму ќе ги промовира Охрид и Македонија како прекрасна туристичка дестинација на авиокомпаниите и на тур-операторите, со цел тие да воведуваат нови авионски врски и да отвораат нови туристички дојдовни пазари, кои би биле од полза за локалната заедница долж Охридското Езеро и за македонската економија воопшто“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Билетите за линијата Виена–Охрид-Виена се во продажба преку интернет страницата на Wizz Air www.wizzair.com

Со додавањето на Виена како нова дестинација, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле сега има 3 редовни линии, Виена, Базел и Цирих, како и 8 сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, со 11 авиокомпании.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања