ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ТАВ: Охридскиот аеродром ќе се затвори од вечерва на полноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
aerodrom-ohrid

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

— реклама —

Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.

За информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

— реклама —

Виена - 7 часот и 50 минути -Визер

Цирих - 8 часот и 55 минути - Еделвајс

Малме - 17 часот и 35 минути - Визер

Базел - 18 часот и 30 минути – Визер

ги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања