Универзитетскиот професор Сефер Тахири вели дека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе ја доживее истата судбина што ја доживеа Тито Петковски на претседателските избори во 1999 година, кога изгуби од Борис Трајковски со 60.000 гласови.
–Села и Касами, сите се свесни за актуелното политичко расположение на Албанците во однос на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска. Јас не велам дека во иднина Албанците ќе се најдат во некое вкрстување на патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа може да се случи со едно реформирано ВМРО-ДПМНЕ. Со овој дискурс, со изјавата, видете, се обидувам да ви објаснам само со еден пример. Судбината на Силјановска ќе биде судбината на Тито Петковски во 1999 година. Не велам дека Пендаровски ќе ја има судбината на Борис Трајковски во 1999 година, но приближно ќе биде истото – рече Тахири во емисијата „360 Степени“ на Алсат М.