ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Тажна вест: Почина Јана Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jana

Јана не издржа. Почина храбрата охриѓанка за која се собираа средства за лекување во Барселона, Повеќе од два месеци се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана на клиниката во Барселона. Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

— реклама —

Инаку спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.

Јана веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

— реклама —

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана. Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаеја премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата одеше  со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања