Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Театарска претстава „Мрки, нисам ти испричао“ пристигнува на 25 ноември на сцената на Националната опера и балет во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycm1e97p8gba2cgbydb7

Македонската публика на 25 ноември ќе има можност да ја проследи мултимедијалната монодрама „Мрки, нисам ти испричао“, која ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот.

— реклама —

Претставата доаѓа од Србија, каде што веќе има остварено повеќе распродадени изведби, а позитивни реакции добила и од публиката и од медиумите во Србија и Црна Гора.

— реклама —

Главната улога ја толкува познатиот актер Марко Јанкетиќ, кој воедно е автор на оваа емотивна приказна посветена на неговиот татко, легендарниот актер Миша Јанкетиќ. Режијата е на актерката Анѓелка Прпиќ, а мултимедијалниот пристап и музиката во живо ја надополнуваат актерската игра и визуелниот израз.

— реклама —

Низ лични спомени, хумор, музика и силни емоции, претставата ги отвора темите за семејството, љубовта, загубата и неискажаните зборови. Станува збор за искрена сценска приказна што ги поврзува сеќавањата и личните доживувања со универзалните чувства, нудејќи им на гледачите доживување што истовремено трогнува и насмевнува.

— реклама —

Изведбата во Скопје е закажана за среда, 25 ноември, во 20 часот, во Националната опера и балет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library54c1rti7n0ijcALBxk5

Изведба на комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 3 април во Националната опера и балет

Сцена | пред 7 месеци

— реклама —
media-library8l1qb37cdhpn7al2SM5

Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет на 13 март

Сцена | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања