„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Театарски оскар во Хрватска за претставата „Орестија“ на режисерот Дејан Пројковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Foto-6_Dodeluvanje-na-nagrada

Претставата „Орестија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на „Хрватско народно казалиште“ од Сплит, ја доби највисоката награда за најдобра претстава во Република Хрватска. Покрај Пројковски, дел од авторскиот тим на претставата се и македонскиот сценограф Валентин Светозарев и композиторот Горан Трајкоски. Доделувањето на највисоките театарски признанија, „Награде хрватског глумишта“ од страна на Хрватското здружение на драмски уметници се одржа изминатата сабота во „Хрватско народно казалиште“ во Загреб.

— реклама —

„Авторскиот тим и ансамблот под водство на Дејан Пројковски со оваа силна и впечатлива претстава ја раскажаа Есхиловата трагедија, поврзувајќи го на суштинско и мисловно ниво античкото време со денешницата. Откривајќи ја целосно Есхиловата човечка природа полна со немири, двојба, мрачни нагони, но и желба за воспоставување хармонија, креаторите на оваа претстава создадоа дело со висока естетика“, беше истакнато од театарската критика.

— реклама —

Наградата која викендов му беше врачена на Пројковски од претседателката на Хрватското здружение на драмски уметници, Перица Мартиновиќ, важи за највисока награда за театар во Република Хрватска. Се смета за едно од најважните и најреномираните признанија во целиот регион, а хрватските медиуми ја најавуваат како Театарски оскар. За доделувањето на наградите одлучуваше петчлено жири од истакнати театарски дејци.

— реклама —

Пројковски премиерно ја постави „Орестија“ на годинешното 64-то по ред „Сплитско лето“ кое се одржа во август, на коешто се закити со главната награда за најдобро уметничко остварување - „ЈУДИТА“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања