Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Tеглите загаден воздух со кои СДС како опозиција протестираше нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
skopje-vozduh1

Теглите со кои СДС како опозиција протестираше пред владата нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада која не мрда со прст за справување со загадениот воздух, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Мерките кои СДС ги предложи за големото загадување на воздухот во Скопје се гол популизами и шминка.

— реклама —

Барањето на СДС на вондредна седница на Советот е замајување на јавноста, дека нешто предлагаат. СДС забораваат дека веќе 7 години се власт во државата, а за животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот со прст немаат мрднато.

— реклама —

Итно е потребна владина стратегија за справување со загадениот воздух и институционална мобилизација. Веднаш се потребни итни владини мерки.

Без ниту еден капитален проект, ниту еден денар од енормно големите буџети потрошени за поквалитетен живот на граѓаните.

Наместо да ја замајуваат јавноста, СДС нека и наредат на Арсовска, на тајните средби кои ги има со Ковачевски, нека почне да си ја работи работата за која е избрана.

Арсовска и СДС додека кројат планови како да наместат некој тендер повеќе во ЈСП, нека му наредедат на директорот на ЈСП од редовите на СДС да пушти во функција повеќе градски автобуси во редовните линии.

Додека советниците на СДС тераат циркус и гол популизам скопјани се гушат, а Арсовска, СДС, ДУИ и Левица си ги полнат џебовите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања