Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс, Велика Британија, се Виетнамци, соопшти британската полиција.„Во овој момент, веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада“, рече полицискиот службеник, Тим Смит.
Телата беа пронајдени минатата недела и првично се мислеше дека станува збор за кинески државјани. Но, како што рекол Смит, сега полицијата е во контакт со некои семејства во Виетнам, како и во Велика Британија, пренесува Би-би-си.
Веруваме дека ги идентификувавме семејствата на некои од жртвите, рече Смит.
Телата во камионот на смртта се виетнамци
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 6 години -
Свет