Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Телефоните во шкафче, фокусот на наставата: Бања Лука воведе нови правила за основците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-library8m7oavvjingdbGhYIOr

Основците во Бања Лука од денеска на часовите ќе влегуваат без мобилни телефони. Градот обезбедил шкафчиња во кои учениците ќе ги оставаат телефоните пред почетокот на наставата, а ќе ги преземаат по завршувањето на часовите.

— реклама —

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, објасни дека целта е учениците за време на наставата да бидат насочени кон учењето, концентрацијата и дружењето, без одвлекување на вниманието од мобилните телефони.

Покрај оваа мерка, во училиштата се воведуваат и полици за книги. Учениците ќе имаат на располагање примероци во училиштата, додека дополнителен комплет книги ќе имаат дома, со што ќе треба да носат помалку училишни материјали.

— реклама —

Станивуковиќ ги претстави и новите училишни униформи со мотиви од змијанскиот вез, нагласувајќи дека целта е учениците да не се разликуваат според облеката, туку според знаењето и вештините што ги стекнуваат.

— реклама —

Најавени се и здрави ужинки во училиштата, подготвени според препораките на нутриционисти, кои во најголем дел ќе бидат финансирани од Град Бања Лука.

Градоначалникот ги повика родителите да ја користат и апликацијата за заштита на децата од несоодветни содржини на социјалните мрежи. Тој порача дека мерките се само почеток и дека градот планира дополнителни активности за подобрување на условите за учениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука: „Сакаа да ми забранат влез во Хрватска три години“

Свет | пред 7 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања