„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилките, лицата со нарушен слух, говор и глас, како и психолошка поддршка на албански јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

— реклама —

* 078/378-766 - Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот;

* 072/919-009 - Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Viber“;

— реклама —

* 070/291-657 - Овозможена е и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на овој телефонски број во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

За потсетување, функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка.

Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676.

Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Viber“ апликацијата.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот:

* 078/378-728 - За тинејџери и нивните родители

* 070/291-574 - За родители на деца со попреченост

Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања