„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со австрискиот претседател Ван дер Белен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-5

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

— реклама —

За време на разговорот беа разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски го информираше австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.

— реклама —

Во разговорот претседателот Ван дер Белен пренесе дел од австриските искуства и мерките што државата ги презема во справувањето со ширењето на КОВИД-19.

Поздравувајќи ја помошта што дел од компаниите со доминантен австриски капитал во земјата ја дадоа за справување со последиците на пандемијата, како и досегашната помош на ниво на Европската Унија и демонстрираната солидарност со државата, претседателот Пендаровски во разговорот со австрискиот претседател Ван дер Белен ја истакна потребата за сеопфатна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот, за справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на здравствен, економски и социјален план.

Претседателот Пендаровски се заблагодари и за јасната австриска поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија и истакна дека неодамнешната одлука за почеток на пристапните преговори за членство е заслужено признание за напорите на државата во изминатиот период. Претседателот Пендаровски изрази очекување, во овие вонредни околности, Европската Унија да изнајде модалитети за движење на интегративниот процес напред.

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања