„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со Мирослав Лајчак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-7

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

— реклама —

Во разговорот двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите-членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски констатираше дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека Регионот е меѓу приоритетите на Унијата. 

— реклама —

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на специјалниот претставник Лајчак и истакна дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград - Приштина.

На крајот, честитајќи му го неодамнешното назначување на одговорната позиција, претседателот Пендаровски на специјалниот претставник Лајчак му посака успех во работата.

фото: Кабинет на претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања