„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Телефонски разговор Заев - Столтенберг: Остануваме посветени на евро-атлантските интеграции наш стратегиски и суверен избор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Stoltenberg-Zaev

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО,ЈенсСтолтенбергво телефонски разговор разменија мислења за одлуката на ЕУ да го одложи стартот за преговори на нашата земја за членство во унијата.

— реклама —

Премиерот Заев му го пренесе на Генералниот секретар Столтенберг расположението на граѓаните на земјата од историската грешка на ЕУ да не ги одобри очекуваните преговори за пристапување во полноправно членство како разочарувачко и фрустрирачко, наспроти фактот дека Република Северна Македонија ги исполни сите услови.

Тоа не треба и нема да влијае и на остварувањето на втората од двете најголеми стратешки цели на државата – членството во ЕУ, и од спроведувањето на реформите до крај за да ги имплементираме европските вредности во сите наши институции, во сите пори на нашето живеење, истакнал во разговорот со Столтенбергпретседателот на Владата на Северна Македонија Заев.

— реклама —

Во телефонскиот разговор со Столтенберг, премиерот Заев се заблагодари за поддршката на НАТО во нашите евро-атлантски интеграции и истакна дека Северна Македонија останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во алијансата, како нејзин стратегиски и суверен изборда биде следната, 30-та земја членка.

Премиерот Заев го информираше Генералниот секретар на НАТО за резултатите од лидерската средба кај претседателот Пендаровски, и за заеднички договорената согласност за организирање предвремени избори на 12 април идната година.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања