Телеком направи потег кој изненади многумина. Во време кога во Украина има војна која ја предизвика Русија, телефонскиот оператор во знак на солидарност овозможи разговорите и СМС пораките да бидат бесплати. „Скопје1“ ја објавува оваа вест со цел да стигне до што повеќе граѓани, без таа да биде предмет на платен ПР, како што е вообичаената пракса.
„Во овие тешки времиња, нашите мисли се со граѓаните на Украина. Во знак на солидарност, ја нудиме нашата помош, кога е најпотребно. За да останат во непречен контакт со најблиските, од денес до следно известување, разговорите и СМС пораките од Македонски Телеком кон било која мрежа во Украина, за сите приватни и деловни корисници, се бесплатни. Бесплатен е и роамингот на нашите корисници во Украина кон сите други земји“, објави Телеком.