Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тело на маж исчезнат пред 20 години пронајдено со помош на „Гугл мапс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
gugl-maps-1

Посмртни останки на човек кој исчезнал пред дваесет години беа пронајдени во потопен автомобил на Флорида, кој жителите го забележале на „Гугл мапс“, пренесува Би-би-си.

— реклама —

Вилијам Молд, од Лантана на Флорида, бил пријавен како исчезнат на 7 ноември 1997 година. Тогаш бил на возраст од 40 години, а во полиција било пријавено дека не се вратил дома по вечерно излегување. Почнала истрага, но неговото тело не било пронајдено, па случајот бил затворен.

— реклама —

На 28. август годинава, 22 години по неговото исчезнување, полицијата го пронајде неговото тело во автомобил потонат во езерце во населбата Мун Беј, во областа Велингтон.

— реклама —

Потопениот автомобил на мапите на „Гугл“ прв го забележал поранешен жител на тоа место. Потоа, тој контактирал со познаник кој сè уште живее во Велингтон, кој ја пребарал областа со дрон. Кога видел дека навистина има автомобил во езерцето, тој стапил во контакт со полицијата.

— реклама —

Шерифот на округот Палм Бич за Би-би-си изјавил дека полицијата претпоставува дека Молд загубил контрола над возилото додека возел по патот над езерцето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања