Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Тело на почината жена најдено во стан во Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Тело на почината 66-годишна жена било најдено денеска на пладне во стан на улица „8 Септември“ во центарот на Велес, во таканаречената Свиларска зграда, кај поранешна библиотека. Телото било најдено откако во полиција реагирале комшиите поради неподнослива миризба која почнала да се шири од станот на жената, која живеела сама.

Полицијата ја повикала екипата на Територијалната противпожарна единица од Велес која ја скршила бравата и влегла во станот каде било најдено безживотното тело на жената, информира за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

— реклама —

Тој појасни дека била повикана медицинска екипа на Брза помош која констатирала смрт без траги на насилство.

— реклама —

Како што информира за МИА обвинителката Гордана Тодорова од ОЈО, по нивно овластување екипа на СВР Велес, не се констатирани траги на насилна смрт, поради што телото на починатата жена не било дадено на обдукција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања