Промени тема
Контакт

Темата избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита однесувањето, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izbori-02

Откако темата за парламентарни избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита своето однесување и да се откаже од натамошни блокади и опструкции, вели СДСМ

— реклама —

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.

ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.

— реклама —

Во време на глобална криза, насекаде низ светот опозицијата и власта заедно работат во интерес на граѓаните, само ВМРО-ДПМНЕ блокира, кочи и опструира.

— реклама —

Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.

Оваа порака граѓаните ја испратија директно на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ да ја прими пораката и да почне да работи во интерес на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања