Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Температура до -7 степени во Скопје: ја имавме една од најстудените ноќи за оваа зима

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Во Берово во 7 часот изутринава се измерени -9 степени, во Скопје-Петровец - 7, во Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово - 6, а - 5 во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар, -1 Дојран, Крушево, Маврови Анови и Претор, а 1 степен во Охрид, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

— реклама —

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува пет сантиметри.

— реклама —

Во текот на ноќта времето беше студено особено во источните делови од земјата. Од запад се прошири умерена променлива облачност. Утринава во централните делови е претежно облачно, а температурата на повисоките места е над нулата и дува претежно умерен југозападен ветер.

— реклама —

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања