Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Температури до -10, дожд, па снег - доаѓа постудено време од утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Следува краткотрајна стабилизција на времето, најавува метерологот Славчо Поповски. Според него, за Божиќните празници повторно ќе имаме голема промена на времето и изразена циклонска активност со центар над Јадранот. Токму ова најпрвин во сабота (за Бадник) и тоа особено од вечерните и ноќните часови кон недела ќе услови да има поинтензивни врнежи од дожд и тие ќе продолжат и во недела. Снег ќе паѓа само на највисоките планини.

„Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Веќе од понеделник, и тоа поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Македонија очекуваме големо заладување, северен ветер, и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повисоките населени места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

— реклама —

Во понеделник попладне и во вечерните часови локално провејување на снег ќе има и во градовите.

— реклама —

Од вторник ќе имаме постабилно и релативно суво време, но многу студено, особено наутро кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, па така и максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за некој степен над нулата. Понекаде тие ќе останат до околу, па и под нулата.

— реклама —

Во Скопје и околината со ова заладување кое се очекува од понеделник, провејување на снег ќе има во повисоктите предели од котлината. На околните планини очекуваме формирање и на снежна покривка.

Да напоменеме дека со оваа циклонска активност, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).

За разлика од кај нас, во земјите од регионот ќе биде уште постудено, но ќе има и повеќе снег“, вели Поповски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања