Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Тендерска војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Сигмоид груп“ со обемен демант

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека избегнува да одговори на прашањата поврзани со фирма која, според нивните тврдења, во период од само два месеци добила тендери во вредност од 1,2 милиони евра, иако имала само тројца вработени.

Од опозициската партија наведуваат дека фирмата објавена во, како што велат, „новата бомба“, била основана на 8 јуни 2023 година и дека не станува збор за иста компанија на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ во своите реакции. Според СДСМ, втората фирма што ја спомнува владејачката партија е „стара фирма на студентот на Мицкоски“, која, како што тврдат, доживеала финансиски подем во периодот од јуни 2024 до август 2025 година, кога од тендери остварила приходи од околу 25 милиони денари.

— реклама —

СДСМ постави и директно прашање за евентуална поврзаност на оваа фирма со сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, оценувајќи дека случајот не е прашање на ИТ-експертиза, туку на „пари и бизнис интереси“. Од партијата порачаа дека „работата не е завршена“ и дека, како што наведуваат, „сите ќе одговараат“.

— реклама —

По овие обвинувања, со реакција се јави компанијата „Сигмоид груп ДООЕЛ Скопје“, која категорично ги отфрли наводите и, како што наведоа, со цел „точно, целосно и објективно информирање на јавноста“, достави детално појаснување.

— реклама —

Од компанијата информираат дека кај сите споменати јавни набавки станувало збор за групни набавки во рамки на иста ИКТ групација, односно помеѓу „Сигмоид груп ДООЕЛ“ и „Сигмоид ДОО“. Тие посочуваат дека групацијата е присутна на пазарот од 2018 година и има портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор, со реализирани повеќе од 30 договори директно со јавни институции во Северна Македонија.

Дополнително, од „Сигмоид груп“ наведуваат дека значителен дел од нивниот приход доаѓа од странство, вклучително и од соработка со јавни институции во Естонија и други земји од Западен Балкан, а компанијата е официјален партнер на над 15 глобални производители на ИКТ опрема и системи.

Во однос на личните обвинувања, од компанијата демантираат дека основачот Јован Јанкуловски бил студент на Машинскиот факултет или дека имал каков било контакт со премиерот. Тие посочуваат и дека бројот на вработени во рамки на групацијата е над 10 лица, а во проектите биле ангажирани и дополнителни експерти преку договори за дело, што, како што наведуваат, е вообичаена пракса за ваков тип набавки.

Компанијата нагласува дека соработува со институции исклучиво на професионална основа, без оглед на политичката структура на раководствата, и дека реализирала проекти и со институции предводени од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys3p4s88r2p4pfrZNenA

Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра, кога министерката Кочовска ќе ни објасни на нас и на граѓаните?

Македонија | пред 20 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина

Македонија | пред 21 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова, ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања