Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

„Тендерската процедура е спроведена во периодот пред да стапат на функција новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола“, вели ЕСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

„Новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола работат исклучиво според позитивните законски прописи и нема да дозволат ниту најмал сомнеж за злоупотреби при спроведување на Законот за јавни набавки. Во контекст на јавната набавка за ангажирање на работна сила при потребата од машински интервенции во РЕК Битола, испочитувана е комплетната процедура“, велат од ЕСМ во врска со информациите за склучениот договор со Марковски компани.

„Согласно архивираноста на секој од документите кои се дел од предметната постапка, процедурата е спроведена во периодот пред да стапат на функција новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола. Јавниот повик бил објавен во мај годинава, и постапката за евалуација и избор на изведувачите е спроведена од претходното раководство на Комбинатот, вклучувајќи ја и Одлуката за избор потпишана на 22 август годинава од претходниот раководител на подружница РЕК Битола - Пеце Матески.

— реклама —

Договорот е потпишан на 7 октомври од новиот раководител на подружницата, и тоа дури откако е направено испитување на пазарните цени во однос на оние од Одлуката за избор и констатацијата на стручните служби дека биле понудени односно избрани за најповолни - најниските цени достапни на пазарот во моментот. Имено, на актуелниот јавен повик од 2024 година, постигнати се единечни цени по работна рака кои се за околу 40 отсто пониски во однос на цените постигнати во 2022 и во 2023 година, согласно критериумот најниска цена. За изминатите две години, за истиот повик единствен понудувач била фирмата „Марковски Компани“, додека во 2024 година - биле пријавени пет фирми од кои четири учествувале на таканаречената „негативна аукција“ преку која била постигната најниска цена од страна на посочената фирма.

Повторуваме дека станува збор за рамковен договор според кој се плаќа по ангажман, односно само доколку комбинатот - при одредени зафати има потреба од таков кадар.

— реклама —

АД ЕСМ работи исклучиво според законите, и нема намера да врши политичка селекција на фирми кои учествуваат во сегментот јавни набавки. Секоја фирма и потенцијален оператор што се јавува на распишаните јавни повици е, и ќе биде предмет на детална проверка, согласно Законот за јавни набавки и според утврдените критериуми и правила за учество“, соопшти ЕСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0njv85o6och4dxJsENQ

Коларевиќ и Абази штителе блиски луѓе на СДС и ДУИ во случајот „Мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
elem-esm

„Скандалозна одлука“: Мицкоски очекува Вишото обвинителство да ја преиспита истрагата за ТЕЦ Неготино каде осомничени беа бизнисмени и директори

Македонија | пред 2 седмици

struja-4

АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 месеци

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате?

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања