„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Тензично меѓу Скопје и Софија: Николовски ја навреди бугарската Влада, од таму испратија „закани“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1-5

Политичките тензии меѓу Скопје и Софија повторно се интензивираат. Обидите за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително дистанцирање од почетокот на преговорите за членство во ЕУ, порачаа од бугарското МНР по изјавата на премиерот Мицкоски дека во Бугарија има техничка влада со која не треба сега да се преговара.

— реклама —

Од бугарското МНР велат дека Софија останува отворена за дијалог, но потенцираат тој дијалог не вклучува репреговарање на веќе преземените обврски од Скопје.

- Изјавата на премиерот на Република Северна Македонија, за жал, уште еднаш отворено ја доведува во прашање европската перспектива на неговата земја. На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за покренување идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. - велат од МНР на Република Бугарија.

— реклама —

Николовски, кој порано беше претседател со Националниот совет за евроинтеграции, изјавата ја даде откако МНР на Бугарија вчера излезе со реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека преговарачката рамка со ЕУ, односно францускиот предлог, може да биде дополнет, односно репреговаран, на што од Софија стигна порака дека такво нешто нема да се случи ниту со техничка ниту со политичка влада во Бугарија.

„Секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори се злоупотребува темата Македонија. Не знам сега, не сум сигурен кога им се изборите, затоа што до толку се нефункционални што не можат ни избори да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада, веќе не можат луѓе да најдат за во техничката влада. Такашто нека си ги средат прво дома работите,нека изберат политичка влада и ќе седнеме и зборуваме со политичката влада. Немам намера да одговарам на луѓе кои што ловат политички поени, а кои што се политички маргиналци во моментов во Бугарија, затоа што се претставници на влада којашто нема легитимитет од никого“, изјави Николовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања