Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тензично во Албанија –Во Скадар запалено училиште со изборен материјал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Shkoder-policia

Со наближување на 30 јуни, денот на локалните избори, се зголемуваат тензиите во Албанија.Во северниот град Скадар по тензичната ситуација во моментот кога членови на ЦИК го доставуваа изборниот материјал во еден објект во општината, синоќа е подметнат пожар во училиште каде што веќе се наоѓал изборниот материјал, кој целосно изгорел, а предизвкана е и материјална штета врз училишната зграда.

— реклама —

Во овој инцидент дошло до судир меѓу полицијата и граѓани кои ја попречувале интервенцијата на противпожарната единица, за што се приведени најмалку пет лица.

— реклама —
— реклама —

Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Тирана соопштил дека, како врховен командант ќе ја извади армијата на улица доколку на 30 јуни има обид да се спроведат изборите, пренесува весникот „Шќип“.

Според истиот извор, образложението на Мета било дека добил информации од странски служби за обид за нереди, што како шеф на државата не може да го дозволи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања