Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тензии во СДСМ: Јован Деспотовски со отворена порака до Венко Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
J4A3115

Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ, со јавно обраќање изрази силно разочарување од одлуките на актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека токму неговата матична партија го оставила „целосно без зборови и коментар“.

Во пораката, Деспотовски нагласува дека по три децении политички ангажман најмалку очекувал ваков однос од СДСМ, потенцирајќи дека во сите свои јавни настапи бил умерен и воздржан, дури и во ситуации кога, како што вели, имало основ за остар и директен став.

— реклама —

„Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен, дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв, тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме“, наведува Деспотовски.

— реклама —

Тој во пораката испраќа и јасна критика кон персонализацијата на партијата, нагласувајќи дека СДСМ низ историјата имала и ќе има многу поголеми личности од кој било актуелен претседател.

„СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде“, порачува тој.

— реклама —

Во завршницата, Деспотовски директно му се обраќа на актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, со јасна лична порака дека нема да дозволи неговиот долгогодишен ангажман да биде обезвреднет со една политичка одлука.

— реклама —

„Со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва“, пишува Деспотовски.

Објавата на поранешниот функционер се толкува како уште еден јавно изразен знак за внатрепартиските тензии во СДСМ, во период кога партијата се соочува со сериозни предизвици, внатрешни преиспитувања и пад на довербата кај дел од членството и јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 11 час

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања