Промени тема
Контакт

Тензија во ЕУ поради транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка: Сијарто се закани со блокада ако Киев не го обнови транзитот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го засили притисокот врз Украина поради транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се со блокада на одлуки важни за Киев во рамки на Европската Унија.

Во две објави на платформата „Икс“, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ и дека Украина треба да ги обнови испораките.

„Едноставно и лесно е. Наместо да се мешате во нашите избори, повторно покренете ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема техничка пречка“, напиша Сијарто.

— реклама —

Во втората објава тој најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.

— реклама —

„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка преку ‘Дружба’, нема да дозволиме одлуки важни за Киев да одат понатаму“, порача Сијарто.

Реакцијата доаѓа откако украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека не прифаќа ултиматуми и дека работи на стабилизација на енергетскиот систем под постојани руски напади. Киев тврди дека на Будимпешта и Братислава им предложил алтернативни начини за снабдување со нафта што не е од руско потекло.

— реклама —

Новата ескалација околу транзитот на нафта дополнително ги усложнува односите во ЕУ во момент кога Унијата разгледува нови санкции кон Москва и продолжување на поддршката за Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Руските напади врз енергетската мрежа го загрозуваат опстанокот на украинската индустрија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylbm63rtdou9j5lImbFt

Украина пред нов предизвик: „Русите постојано измислуваат нешто ново“

Свет | пред 2 дена

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Четири лица загинаа, над 60 се повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

Свет | пред 3 дена

media-libraryurc23bpihup23TfWOHv

Киев под најголем воздушен притисок од почетокот на војната: Сирените се огласуваат и по 13 пати дневно

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања