„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Тепачки пред гостилница, кафе бар, во перална и на улица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
pretepal-do-smrt

На 06.04.2019 година во 21,00 часот во Полициската станица Чаир М.Ф.(33) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на улицата “Втора Македонска бригада“ пред гостилница бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

— реклама —

На 07.04.2019 година во 01,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Бранко Заревски“ во кафе бар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Е.Ч.(24) и С.Р.(28), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 06.04.2019 година во 10,40 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Илинден“ во перална дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ф.(41), З.З.(43) и Е.Х.О.(40) од една страна и А.С.(27) и С.С.(48) сите од Скопје. Сочинети записници за констатирани прекршоци по чл. 11 ст.3 од ЗППЈРМ.

— реклама —

На 06.04.2019 година во 20,50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Драчево- скопско на улицата “Партизански пат“ по меѓусебна расправија Б.Г (68) го нападнал Д.Т. (47) употребувајќи дрвен предмет и нож. Б.Г. е приведен во полициска станица, а на Д.Т. му е укажана помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања