Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тепаниот од Нефи Усеини се степал со германски турист, а на скопјанка и го искршил автомобилот оти била сведок на тепачката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Охриѓанецот Спиро Топалоски кој беше натепан од бизнисменот и функционер на ДУИ, Нефи Усеини, се степал со странски турист и искршил возило на скопјанка која била сведок на тепачката. Драмата се случувала во средината на минатиот месец, а сега се поднесени пријавите. Топалоски им е познат на правосудните органи и јавноста. Тој сведочеше како Усеини го тепал пред охридски хотел, а потоа ја смени изјавата и кажа дека бизнисменот му е пријател. Тепачката во вилата на Топалоски ќе се реши со прекршочни пријави.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Во ПС Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со тепачка настаната во вила во населба Рача, помеѓу лицата С.Т.(43)од Охрид сопственик на вилата и Р.Р.П.(34) од Р. Германија кој престојувал во вилата, лицата се приведени, поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка“, велат од МВР.

— реклама —

— реклама —

По ова следела нова драма. Додека скопјанка давала изјава за тепачката помеѓу Топалоски и Германецот, тој и го кршел автомобилот.

„Истиот ден пријавено е кривично дело „Оштетување туѓи предмети“ по чл. 243 ст.1 од КЗ за кое дело гонењето се презема по приватна тужба против лицето С.Т.. Делото е извршено во период додека оштетената Х.И. од Скопје, давала изјава во полиција а во врска со претходниот настан – Нарушен ЈРМ со тепачка, при што било извршено оштетување на нејзиното возило“, додаваат од МВР.

Пред три години, Топалоски сведочеше како бил тепан од бизнисменот Усеини. Кажа дека го мавал по главата и телото и додаде дека случајот ќе го тера до крај. Откако почнаа судењата, а Нефи Усеини беше гонет за насилство, Топалоски кажа дека не е оштетен односно дека го натепало некое непознато лице, а не бизнисменот и функционер на ДУИ.

— реклама —

Во пресудата напишана на петнаесет страни стои дека од снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тие му биле покажани и нему, но тој останал на исказот дека повредите не му се од Усеини. Пет сведоци на настанот, пред судот кажале дека ништо не виделе, иако на снимките од видео надзорот, според охридскиот суд, се гледало како дел од нив панично бегале коа започнало тепањето на Топалоски. Претходно, охриѓанецот Топалоски, во полиција сам пријави дека бил тепан од Усеини.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања