Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Терористите убија 23 војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Вкупно 23 војници на Нигер загинаа во заседа поставена од „терористи“ за време на армиска операција во западниот дел на Нигер, соопшти денеска Министерството за одбрана.

— реклама —

Нападот се случи во регионот Тилабери, кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо и е познат како упориште на џихадистите.

— реклама —

Една армиска единица беше фатена во заседа за време на операција во таа област, при што беа убиени 23 војници, а „околу 30 терористи беа неутрализирани“, соопшти Министерството.

— реклама —

Регионот Тилабери е засолниште за џихадистите на Исламската држава и Ал Каеда.

Со години тој дел од Нигер е цел на напади од овие вооружени групи и покрај распоредувањето на антиџихадистичките сили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања