Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Теророт, тортурата, бруталното демонстрирање на сила“ - советничка со поплаки за Славески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
vitina-slaveski

Советничката Ирена Витина, која во ноември лани го напушти ВМРО-ДПМНЕ и остана да дејствува како независна советничка во Советот на Скопје, обвини за тортура и терор. Таа на социјалните мрежи го обвини претседателот на градскиот совет, Трајко Славески, за злоупотреби.

— реклама —

„Теророт, тортурата, бруталното демонстрирање на сила, непочитување на ниту еден пишан акт и реакцијата на еден нормален организам на ненормални околности, нема да ме спречи да продолжам во мојата борба за вистината. Трајко Славески, ниедно замолчување не може да ги избрише трагите на твоето непочитување на законите и злоупотребата која во континуитет ја правиш.

— реклама —

Со овие ваши противзаконски и неправедни постапки, вам ви станува сѐ појасно зошто не сме во партиско и идеолошко единство, а мене сѐ повеќе ми се потврдува исправноста на одлуката што сум надвор од ова.

— реклама —

Големо Благодарам на „борците за еднакви можности" и нивните двојни аршини. Целосно одлепени од реалноста, каде ли ќе стигнете?!

П.С. Додека, Вие, „претседателе", се потпишувате во туѓо име, јас ќе Ви ги набројувам сите злоупотреби“, напиша Витина.

Советничката во јавноста важи блиска до градоначалничката Данела Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања