Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тешкиот пожар кај Милетино ставен под контрола, интервенираа и два „ер-трактори“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryra4ootc9gbdu8O20h3E

Тешкиот пожар што денеска околу пладне избувна во атарот на селото Милетино, Општина Брвеница, е ставен под контрола. Во гаснењето учествувале тетовските пожарникари, со поддршка од два „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со в.д. градоначалникот на Општина Брвеница, Роберт Милошески, информираа за интервенцијата на терен.

Милошески посочи дека пожарот бил пријавен околу 12 часот од локалното население, по што веднаш била побарана помош од противпожарната единица.

— реклама —

„Ни го пријавија пожарот некаде околу дванаесет часот напладне од населението и побаравме брза реакција. Побаравме помош од локалната пожарникарска единица. Реагираа брзо, го локализираа пожарот, но се префрли во густата шума. Таму не успеавме поради непристапниот терен. Благодарение на директорот, ни ги прати тракторите кои успеаја и го локализираа пожарот“, изјави Милошески.

— реклама —

Ангелов ја пофали брзата реакција на локалните власти и пожарникарите, нагласувајќи дека биле преземени сите потребни чекори за справување со пожарот.

„Вака треба да се менаџираат и гасат вакви комплексни пожари, бидејќи сте направиле сè што е во ваша моќ. Сте побарале пожарникари, сте побарале дополнителна помош, ер-трактори, така што сега е ставен под контрола“, рече Ангелов.

Тој сепак предупреди дека во текот на ноќта постои можност пожарот повторно да се разгори поради ветерот, поради што состојбата ќе продолжи да се следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања