Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Тешка несреќа на патот Свети Николе-Скопје: жена е тешко повредено, тројца завршија во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
soobrakajka
Илустрација / Скопје1

На 21.01.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „’Гоце Делчев“, Свети Николе – Скопје, во близина на с.Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(21) од с.Танушевци – општина Чучер Сандево и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „пежо“, Б.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Б.С.(58) од Скопје, возачот Б.С. и неговата сопатничка М.Б.(23) од с.Танушевци, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања