На планината Височица во Босна и Херцеговина во неделата вечер се одвиваше една од најсложените операции на локалните спасувачки служби, поради обидот да се извлече телото на починат планинар од исклучително тежок и непристапен терен.
Во акцијата учествуваа повеќе од 20 припадници на Службата за спасување Прељ, ГСС Јабланица и ГСС Кантоn Сараево. Спасувачите преку социјалните мрежи објавија видеа од ноќниот терен, пренесувајќи дел од напорот и условите во кои работат, наведувајќи дека повеќе од четири часа се борат за извлекување на телото.
Од теренот порачаа дека ситуацијата е исклучително тешка и дека поради мракот и стрмниот релјеф условите за евакуација се значително отежнати.
„Се надевавме дека хеликоптерот ќе може да пристигне, но спротивно на очекувањата евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Терeнот е исклучително тежок“, објавија спасувачите.
Во текот на денот постоела можност хеликоптер на ЕУФОР да интервенира и да го транспортира телото, бидејќи одреден дел од локацијата бил погоден за слетување. Меѓутоа, по паѓањето на ноќта и влошувањето на видливоста, таа опција била отфрлена.
Спасувачите и понатаму ја изведуваа акцијата пеш, под светла и во ригорозни услови, сè додека не успеале да го извлечат телото и да го пренесат на безбедна локација.