Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Тешка сообрaќајка кај Велес: Повредени 7 лица, меѓу кои две деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
brza-pomos

Во судар помеѓу две возила на патот Чашка –Голозинци кај село Голозинци повредени се седум лица од две возила, меѓу кои две деца.

— реклама —

Како што информира за МИА др. Василка Пановска Поп Стефанова началник на Итна помош пр ЈЗУ Здраvствен дом Велес, повредените била земeни со две возила на Брза помош и по укажаната помош итно биле префрлени во Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница во Велес. Оттаму информираат дека двете деца од кое едното во бесознание кое е со потешки повредите на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.

— реклама —

Др Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА наведе дека по укажаната помош во велешката болница две од децата на возраст помеѓу три и четири години, а од кои од едното било во бесознание и со тешките повреди на главата, итно биле се пренесени на понатамошно лекување во скопските клиники.

— реклама —

Таа појасни дека во Хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени кои се со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете и една трудница и тројца мажи.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања