Тешка сообраќајка на патот Берово – Виница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
brza-pomos

Две лица, од кои едното потешко, едното полесно, се повредени во сообраќајката  што се случила синоќа на регионалниот пат Берово-Виница на местото викано „Скараница“, соопшти МВР.

— реклама —

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Н.(70) од с.Истибања, и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) од с.Арачиново, скопско. Во незгодата со повреди здобил М.Н. кој бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош, а А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Виница.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања