На 03.08.2019 во 12,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(60) од Берово, и патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(46) од Битола. Во незгодата на местото на настанот починал З.С.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатник-малолетник од возилото “Опел астра’, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило кои биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.