Вчера, во 14 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Љуботенска во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген бора“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 81-годишниот тетовец С. Х., удрило во велосипед управуван од 72-годишниот тетовец Ш. М..
Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
