Тетовчанец се заканувал на семејство, па предизвикал пожар во нивната куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pozar-pristina

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на 25 февруари со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето. Тој со бекатонска плочка го скршил прозорецот од приземјето на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата. Во моментот во домот бил ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки. Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој може да се крие или да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања