Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (8 март), дваесетина минути по полноќ, во казино на улица „Илинденска“ во Тетово, во кое била спроведена акциска контрола, го лишиле од слобода А.С.(19) од тетовска Брвеница, кој употребил лажен вакцинален сертификат.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.