Екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен ПМ10 честички во воздухот се забележани синоќа во 21 часот во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“. Чувство на печење и штипење во носот и грлото, кашлица, вртоглавици и краток здив – се тегобите на кои се жалат граѓаните.
Концентрацијата на штетни материи во воздухот е 16 пати повисок од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Ноќеска беа двојно зголемени и концентациите на ПМ 2,5 честичките кои наместо 50 микрограми на метар кубен, изнесуваа 123. Податоците на среднодневни концентрации на ПМ 10 од државните мерни станици путринава покажуваат 138 микрометар на метар кубен ПМ 10 со што Тетово е и најазагаден град во државата.
Некои статистики покажуваат дека над 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија како последица на аерозагадувањето.