Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Тевдовски и Жбогар во посета на новото училиште во с.Гургурница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
VIK_8062

Министерот за финансии Драган Тевдовски и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар, денес (8-ми март)  ќе го посетат новото училиште во с.Гургурница, општина Брвеница. Присуство е најавено и од министерот за образование Арбер Адеми, заменик министерот за финансии Ширет Елези, Беким Имери од Канцеларијата на Светска банка и градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити.

Новото училиште е изградено преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија. Вкупната инвестиција за изградба на новото училиште во Гургурница е 46 милиони денари и истото ќе го посетуваат околу 200 ученици.

— реклама —

Преку Проектот за подобрување на општински услуги се инвестира во капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините. Покрај училишта, преку проектот се финансира и изградба на градинки, водоводна мрежа, локални улици, канализации, општински згради и други капитални проекти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања