Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Тевдoвски: Платите продолжуваат да растат, а со нив и продуктивноста на фирмите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
stip-3

„Платите во Македонија растат, тоа се гледа и од денес објавениот податок на Државниот завод за статистика, кој покажува годишен раст на нето платата во август од 5,7%“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата „Иднината во нашите очи“ во организација  фондацијата „Фридрих Еберт“, која се одржува во рамки на Текстилијадата во Штип.

Како што истакна министерот за финансии, целта на Владата е да обезбеди подобар живот за граѓаните и развој на економијата, а овие две цели се заемно поврзани. Тевдовски вели дека токму поради тоа, Владата истовремено го поддржува и растот на платите, преку мерки како минималната плата, но и техничко-технолошкиот развој на компаниите за зголемување на продуктивноста.

— реклама —

Тевдовски посочи дека растот на платите најмногу се гледа кај секторите производство на текстил, облека и преработка на кожа. Тоа се оние сектори кои порано имаа плата под минималната, но сега прагот кај нив е изедначен со останатите сектори. И во август овие сектори забележуваат двоцифрени стапки на раст, или во просек околу 15%, одосно околу 2.000 денари раст на годишно ниво.

— реклама —

Министерот за финансии вели дека растот на платите влијае на покачување на продуктивноста на компаниите, бидејќи подобро платените работници се помотивирани и попродуктивни. За да се поддржи зголемување на продуктивноста на компаниите, Владата обезбеди буџетски средства но и евтини кредити од Европската инвестициска банка, за да ги поддржи инвестициите во нови капацитети и опрема. Министерот рече дека зголемената продуктивност на компаниите на крај ќе се отслика на развојот на економијата во целост.

— реклама —

На дебатата учествуваа и градоначалниците на Штип и Кочани, Благој Бочварски и Николчо Илиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања