„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Тевдовски: Влезот во НАТО ќе придонесе за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
VIK_8062

Влезот во НАТО ќе делува како катализатор на економскиот раст во Македонија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој посочува дека стабилноста и меѓународната позиција кои ги добива земјата со членството, кај земјите кои пристапиле кон Алијансата резултирале со повисоки инвестиции, поголема економска активност, намалување на невработеноста и подгинување на животниот стандард.

— реклама —

-Значително забрзување на економскиот раст се забележува кај сите земји од регионот, по пристапувањето во Алијансата. Стабилноста и меѓународната позиција која ја обезбедува членството, придонесуваат за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели. Пред се, тоа се забележува кај странските директни инвестиции. На пример, по пристапувањето во НАТО во Бугарија трикратно се зголемија странските инвестиции, во Албанија двојно - вели Тевдовски.

Тој посочува дека новите инвестиции, значат нови работни места, нова додадена вредност, зголемување на обемот на трговија и зголемена економска активност.

— реклама —

-На пример, по влезот во НАТО растот на БДП во Бугарија е зголемен од 2,8% на 6,7% во просек. Невработеноста кај земјите кои пристапија во НАТО во 2004 во просек е намалена од 11,4% на 6,3%. Сето тоа резултира со подигнување на животниот стандард, што се покажува и преку растот на номиналниот БДП per capita усогласен за паритетот на куповна моќ, кај овие земји-вели Тевдовски.

Неделава кредитната агенција „Фич“, како и реномираниот фонд за управување со средства „Итон Венс“ посочија дека Македонија има напредок во евроатланските интеграции и дека местото и е во ЕУ и НАТО. Од „Фич“ истакнаа дека тоа влијае на забрзување на економската активност, додека „Итон Венс“ ја оценија Македонија како најпривлечна дестинација за инвестирање во Централна и Источна Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања