Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Техничар загина за време на поставување бина за концертот на Шакира, останал заглавен во дигалка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-library5dsq4cngf4stf51N7R2

Маж, кој работел како техничар, загинал додека учествувал во подготовките на бината за претстојниот концерт на Шакира на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро.

— реклама —

Организаторите на настанот „Todo Mundo No Rio“ во соопштение на Инстаграм објавија дека мажот починал во неделата попладне по добиените повреди.

„Итните служби пружија прва помош на лице место, а пожарникарите веднаш беа повикани за транспорт на пациентот. За жал, мажот почина во болница. Во овој момент даваме целосна поддршка, утеха и солидарност на одговорната компанија, нејзиниот тим и семејството на жртвата“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Државната противпожарна бригада (CBMERJ) потврди дека мажот претрпел згмечување на долните екстремитети во системот за подигање. Пред доаѓањето на итните служби, жртвата веќе била извлечена од опремата од други работници.

— реклама —

Работниците од Итната помош веднаш почнале да укажуваат помош, по што бил префрлен во болницата „Мигел Куто“.

Според Ројтерс, потврдено е дека мажот работел на склопување на бината за јавен концерт на кој ќе настапува Шакира.

— реклама —

Од кабинетот на градоначалникот на Рио де Жанеиро на социјалните мрежи потврдија дека Шакира е главна ѕвезда на овогодинешниот јавен концерт „Todo Mundo no Rio“ на Копакабана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfbe6uup8up6obZe5Ef7

Од „Waka Waka“ до „Dai Dai“: Шакира блесна на Светското првенство во Мексико

Магазин | пред 3 седмици

— реклама —
120746581_shakira

Шакира е најубавата жена за 2023

Магазин | пред 2 години

pike-shakira

(ВИДЕО) Шакира го исмеа Пике во новата песна

Магазин | пред 3 години

pike-barsa-3-960x599-1

(ФОТО) Жерар Пике и неговата девојка лудо се забавуваат

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања