Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Техничкиот персонал во здравството од февруари ќе добие повисоки плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
venko-filipce

Здравствените власти ќе ги покачат платите на помошно-техничкиот персонал во здравството. Болничарите, возачите и песоналот во здравствените установи од фебруари ќе добијат за 5 отсто повисоки плати, најави министерот Венко Филипче. Министерот истакна дека колективниот договор постигнат со двата синдикати е потпишан неколку дена пред да започне да функционира техничката влада

— реклама —

Од февруари повисоки плати ќе добијат специјалистите, наставниот кадар, општите лекари, медицинските лекари, здравствените соработници и помошно-техничкиот персонал, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека во текот на минатата недела е потпишан колективен договор, со кој од 1 февруари се зголемува и коефициентот за исплата на дежурствата.

„Со најновите измени и дополнувања во колективниот договор за здравствена дејност направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства. Со овие измени опфатен е и помошно-техничкиот персонал. Со февруарската плата зголемувањата се следни: наставниот кадар добива 20 отсто зголемување; лекарите специјалисти 25 отсто; општите лекари 15 отсто; медицинските сестри 10 отсто; здравствените соработници 5 отсто; помошно-техничкиот персонал 5 отсто“, рече Филипче.

— реклама —

За новото зголемување на платите од буџетот беа издвоени две милијарди денари. Зголемувањето доаѓа како мерка за да се спречи медицинскиот персонал да ја напушти земјата.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања